Сирењето може да се користи како мамка во парчиња, ситно изрендан или, пак, да се купи ситен како пармезан, тоа има силна арома, мрснотија, кои ѝ помагаат на рибата да го пронајде мамката.
Сирењето како мамка дава најдобри резултати кога водата е топла, а особено наесен. Претежно се цели на ловот на мрена, но на сирењето тешко му одолеваат и кленот, крапот, скобалот и други видови риби.
Можно е да се лови на сите видови сирење, но се смета дека најдобро сирење за лов е „гауда“, „ементалер“, потоа растителните видови сирења итн. Сирењата што влечат на жолта боја се покажале поуспешни отколку оние со бела боја. Сирењето може да се користи како мамка во парчиња, ситно изрендан или, пак, да се купи ситен како пармезан, тоа има силна арома, мрснотија, кои ѝ помагаат на рибата да ја пронајде мамката.

Оваа мамка е употреблива во лов на длабински системи, но може да се користи и при лов на тапа, иако предност, сепак, му се дава на длабинскиот метод, каде што струењата се посилни.
Со додавање исечкани глисти, црви, разни ларви и слично, дополнително се зголемуваат шансите за подобри резултати при риболовот. За мамка се користи сирење во коцки, но никако меки сирења, за да не се откачат од јадиците при риболовот.

Претежно се со големина 1х1 см, но можат да бидат и до 2,5 см, во зависност какви риби очекува рибарот. Најдобро е подготвениот систем да се остави на сонце неколку минути, за сирењето да пушти мрснотија, а дури потоа да се фрли во водата.
Марката на сирењето е битна, а некои риболовци се држат до онаа старата поговорка „колку повеќе смрди толку подобро за рибата“, иако тоа и не успева во секоја ситуација.