По повод овие алармантни факти Светското друштво за заштита на животните уште од далечната 1992 година почнува кампања наречена „Либертас“, со намера да се соочи и да се бори со овие проблемите
Моќното диво шумско животно, кое симболизира сила, одамна спаѓа меѓу најзагрозените видови на планетата. Од сите постојни видови денес, кои ги населуваат сите континенти, освен Африка, Австралија и Антарктикот, ниту една не ја одминала страшната статистика.
Мечките се многу стара група животни, оти најстарите видови се појавуваат во средниот дел на терциерот, миоцен. Тие се блиски сродници на кучињата и заедно со нив потекнуваат од прастарите кучиња од најстариот терциер. Со текот на различните временски ери и климатски промени, се менувала и средината на живеење и приспособување на овие животни.
Сите осум вида мечки денес се на листата на загрозени видови, а пет дури и на работ на целосно истребување. По повод овие алармантни факти Светското друштво за заштита на животните (ВСПА) уште од далечната 1992 година почнува кампања наречена „Либертас“, со намера да се соочи и да се бори со овие проблеми, но пред сѐ да открие што придонело да се дојде до ваквата непосакувана ситуација.