Во сите светски енциклопедии за мушичарење е запишано,првите записи за овој вид риболов потекнуваат од Македонија. Првиот автентичен пишан текст за мушичарење и за првата мушица се наоѓа запишан во делото “De Natura Animalum” напишано некаде пред 1800 години, од Claudius Aelianus (170-230 г.н.е) Римски патеписец и учител роден во Палестрина во близина на Рим. Во своето дело „За Природата на животните“, составено од 17 книги, за прв пат се опишува мушичарењето и првите мушици во светот.
Во третата книга е запишано:
– Помеѓу Берчеа и Солун тече реката Астраус (сливно подрачје на реката Струма), во која живеат риби со пеги на кожата. Како точно се викаат тие риби прашајте ги Македонците кои живеат таму. Таа риба се храни со мушици кои летаат околу реката и се разликуваат од мушиците кои живеат на други места.
Тие не изгледаат ниту како оси, ниту како бумбари или пчели,иако имаат по некоја особина од горе наведените инсекти. Може да се каже дека се големи како бумбари, боја им е слична како на осите, а зујат како пчелите. Овие мушици се ројат околу реката и таму се хранат. Тамошните жители оваа мушица ја нарекуваат Hippouros.
Во потрага по храна оваа мушица лети над самата вода, чиј лет нормално го забележуваат рибите. Кога рибата ја забележи мушичката и се приближува нечујно да не го исплаши својот плен и во моментот кога се најде во сенка на мушицата, рибата ја голта и се нурнува во длабочината на реката.
За да ја измамат рибата, а да не употребуваат мушички кои се нежни и кои рибите доколку ги допртела човечка рака не ги напаѓаат, лугето измислиле оригинален начин, т.е. ракотворба со која ги ловат рибите. Тие на јадица намотуваат црвена волна а за волната врзуваат два пердува од петел со боја на восок (од вратот).
Стапот за риболов е долг шест стапалки исто колку и конецот. Риболовецот ја фрла својата мамка, рибата се надева на добро јадење, широко ја отвора устата и се закачува на јадицата…
Овој Елијанов запис за мушичарење е првото опишување на мушица и лов со истата во далечната 200 година п.н.е. Мушичарите од цел свет знаат да се заблагодарат на Македонците за својата страст.
Македонската мушица денес се изработува од современите мајстори. Единствено, самите Македонци не се свесни што нивните предци му подариле на светот.