Веќе е кажано дела ловниот туризам е специфичен и многу скап туризам усмерен кон дивечот и ловниот простор како крајна дестинација. Отука ловно – туристичката инфраструктура има посебно всушност условно значење за развојот на ловниот туризам – веднаш зад производството и одгледувањето на дивечот како услов за одржливост.
Нашата традиција, ловечката култура и состојбата со управување и стопанисување со ловиштата, исклучително е негативна во оваа област.
Ловно туристички објекти во современо ловство
Но ловниот туризам и во развиените земји воглавном се развивал во склад со посебностите на поединечни земји. Тоа го објаснува недостатокот на литература и стручни трудови на оваа тема, посебно кога се во прашање ловно – туристичките објекти. Врз основа на искуството од развиените земји, стручната литература и побарувањата на ловниот пазар, можно е да се антиципира воглавном во три групи на ловни објекти:
- Објекти за информатичка дејност, агенциски услуги и сервисни услуги;
- Објекти за транспорт (превоз), сместување и вршење на лов (фото – сафари);
- Економски објекти (ладилници, работилници, продавници…).
Првата група ја сочинува сето она што претставува ловно – туристичка понуда и нејзин сервис во договарање и прифаќање на ловните туристи.
Втората група ја сочинуваат угостителски објекти од хотелско – мотелски тип, објекти на ловната инфраструктура, објекти на планинарската инфраструктура, објекти за изведување на лов кои уште се нарекуваат и ловно – технички објекти.
Со оглед на тоа што стандардите на туристичките угостителски објекти се познати, со напомена дека и овие објекти треба да бидат прилагодени кон ловните клиенти, потребно е тежински да се обработат ловно туристичките објекти од аспект на можност на нивно оспособување во ловиштата во Р. Македонија. Наиме, ако под објекти од ловно – туристичка инфраструктура ги сметаме оние објекти кои се наоѓаат во ловиштата и дестинациите за изведување на лов (на ловење) тогаш е можно да се зборува за објекти на селската инфраструктура кои веќе постојат и кои треба да се прилагодат, за објекти на планинската инфраструктура кои можат да се користат и кои исто така треба да се прилагодат и за објекти кои одново треба да се изградат, а се однесуваат воглавном на објекти за изведување на лов (фото – лов).
Што се однесува до објектите од планинската инфраструктура станува збор за повеќе планинарски домови – колиби со различен стандард и состојба. Овие објекти ги има низ теритиријата на целата држава и не се во можност да пружат целодневни туристичко – угостителски услуги. Но и покрај тоа овие објекти се драгоцена основа за развојот на ловниот туризам во Р. Македонија, а нивното користење треба да се усогласи со планинарските друштва кои управуваат со нив.
Стандардна понуда за ловен туризам
Во современата ловно – туристичка понуда стандардизирани се објектите (средствата) за превоз, ловечки чеки, набљудувачници и сето тоа воглавном претставува стандард на понудата и е составен дел од договорот.
Економските објекти всушност се сервис кој го прати ловниот турист од моментот на влегување во земјата и по нив често се определува квалитетот на ловно – туристичката понуда, односно ловниот пазар. Во основа тоа се разни ладилници и работилници за обработка на трофеи и изработка на предмети, различни продавници за ловен прибор и опрема па се до нацонални и ловни сувенири, објекти за сместување или за изнајмување на ловечки кучиња, ергели за коњи и патеки за јавање и сл. За вакви објекти како и за претходните можат да бидат внимателно адаптирани веќе постоечки објекти со тоа што нивната функционалност да биде беспрекорно наменска и квалитетна. Со оглед на тоа што воспоставувањето на ваква ловно – туристичка инфраструктура е само прва фаза која што иде напоредно со производството на дивеч и осовременувањето на ловиштата, бројот на вработени е значителен и е со тенденција на постојан пораст и со статус на одржлива вработеност.
Но дали ловството во Р. Македонија се движи во ова насока или е можеби краен момент за усмерување кон неа можеби најдобро ќе покаже изработката на “Студија за развој на ловниот туризам во Р. Македонија“ и самата пракса.