Месото од дивеч, за ралика од другите видови на месо не може да се добие свежо во месарниците или во деликатесните дуќани. Причина за тоа е што ловната сезона не трае во текот на целата година и што денес овој вид на месо и покрај своите квалитети многу помалку се користи во исхраната.
Од замрзнатото месо од дивеч предност има срнското месо, потоа доаѓа елен, вепар и зајак, а дури потоа пердувестиот дивеч, како што се фазан и дивата гуска. Во деликатесните дуќани можат да се купат салами и паштети од дивеч.
Со оглед на начинот на живот, месото од дивечот е потемно и пожилаво. Според тоа се препорачува да се одбере месо од помлади животни со темноцрвена боја и со бела маснотија, бидејќи вкусот на таквото месо ќе биде подобар. Кај замрзнатото месо обратете внимание на датумот на производството и секако изберете го она кое што има поблизок датум.
Како и сите други меса и месото од дивечот брзо се расипува доколку се чува во несоодветни услови. Затоа свежото месо треба да се чува во фрижидер 2 до 3 дена, а замрзнатото месо од 3 до 6 месеци.