Најголемиот предатор меѓу најмалите цицачи е невестулката или уште позната како мала ласица (Mustela nivalis).
Невестулката е типично домашно тело. Таа не поминува повеќе од педесет метри дневно. Меѓутоа, кога ќе се насели на одредено место, не поминува ден без тревога за околните животни. Никој не може да биде мирен од неа. Некогаш ќе украде пиле од пред кокошката, некогаш ќе задави зајак. Глувци, жаби и гуштери – секоја вечер ги уништува по десетици. Нема милост ниту кон змиите, дури и отровната шарка станува нејзин плен.
Жртвите на невестулката не се раат. Овој храбар мал ѕвер се прикрадува насекаде, дури и во најтајните и најдлабоките дупки на шумските жители. Сè што е потребно е да ја протне својата мала глава во која било дупка и нејзиното еластично тело само да влезе внатре. Нејзиното мазно, кратко и лизгаво крзно одлично и помага во овие маневри. Нејзината омилена забава е да ползи во дупките на глувците, кртови и на стоболката и да ги задушува таму каде што се чувствуваат најбезбедно.
Невестулката поседува извонредна храброст. Таа не се двоуми да се нафрли на предатори многу поголеми од неа. Верверички, куни, големите ласици – сите тие се држат настрана од неа. Кога ги штити своите младенчиња од птица грабливка, нејзината храброст нема граници. Честопати толку цврсто се прилепува за вратот на напаѓачот што со него одлетува кон небото.
Невестулката
За разлика од другите предатори, невестулката не ги раскинува своите жртви. Со острите заби ги гризе или им ја пие крвта. Го гони својот плен со извонредна жестокост и убива многу повеќе животни отколку што и се потребни за да се нахрани.
Сепак со толку енергично уништување на разни штетни глодари, невестулката е незаменлив помошник на човекот.