Тоа е месец кога се водите големи и матни, поради што не се лови.
Доколку, пак, водата е чиста, може да се лови околу пладне, во подлабоките места и покрај брегот.
Се ловат сите видови речни и поточни пастрмки, како и другите видови риби вклучувајќи ја и охридската пастрмка (летниот вид) како и мавровската пастрмка.
Ловостојот е за охридската пастрмка (пештанска зимска и струшка раса), пастрмката од реката Црн Дрим, како и мавровскиот и речниот благороден рак.