Долговлакнестиот птичар долго време било шумарско куче и “кртица за све“ на германските ловци. Карактеристиките на расата прв пат ги опишале во 1879 година кои до денеска речиси не се променети. Потеклото на оваа раса кучиња не е познато, сепак може да се насети дека потекнува од птичарот и сетерот. Тоа по карактер е мирно, лесно за одгледување, благо и многу послушно, на кого му е потребна лубов и внимание од сопственикот.
Германскиот долговлакнест птичар е навистина убаво куче: кога укажува на дивечот стои со опашка израмнета со грбната линија. Познато е само во Германија, каде е ценето поради нескротливиот интерес за секој вид на дивеч, поради одличниот нос, неуморното тражење и смиреност во најдраматичните моменти на лов.
Германски долговлакнест птичар
German Longhaired Pointer :: Deutscher langhaariger Vorstehhund
Матична земја: Германија
Употребливост: Птичар
FCI-Стандард: N° 117/ 16. 03. 2001
FCI Класификација:
- Група: 7 – Птичари.
- Секција: 1.2 – Континентални птичари “Шпаниел тип“.
- Со работен испит

Опис:
Силно, елегантно, мускулесто и темпераментно куче. Опашката му е долга, не превисоко поставена, а на опашката има убава заставичка. Посебно е убава неговата глава: племенита, долга, односот помеѓу челниот и носниот дел е 1:1, ушите му се обесени и ресесто влакнести. Кафеавите очи треба да бидат што потемни. “Муцката треба да биде складна со бојата на крзното, со што потемно кафеава боја. Градите му се широки и длабоки, не е слаб како сетерот. Стомакот треба да биде стегнат, задните нозе да имаат доволно простор за долг чекор при галопирање. Влакното му е средно долго (од 3 до 5 см), рамно или лесно брановидно и прилепено. Бојата му варира од еднобојно кафеава до кафеаво-бела боја. Дозволени се пеги во нијанси на кафеава боја. Високо е од 58 до 70 см. Во вените на долговлакнестиот птичар тече крвта од старите гоничи, кучиња за лов на птици, кучиња за во вода и на англиските специјалисти за работа во поле. Крвта на тие предци му ја дала повеќенаменоста (свестраноста).
Елегантно е и напнато, а ушта ако има и ветер се игра со заставичката на опашката поради што навистина е привлечно. Тоа робусно куче е водливо и послушно на секоја команда на својот сопственик. Долгото влакно го штити од студ и влага, посебно при работа во вода. Како и другите ловечки кучиња и германскиот долговлакнест птичар одгледувачите им го препорачуваат на ловците. Ова куче не е погодно како фамилијарно куче. Тежи околу 25 кг и живее приближно 12 години.