По повод 79-годишнината од формирањето на Ловечката Федерација на Македонија, на 25-ти и 26-ти април, 2025 година, во Штип ќе се одржи манифестацијата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО ЛОВСТВО.
Свечената академија ќе се одржи на ден 25-ти април, 2025 година во салата на Советот на Општина Штип, со почеток од 19 часот.
На манифестацијата се очекува да присуствуваат голем број на ловци, корисници на дивечот во ловиштата, пријатели на ловството, дивечот и на природата. Таа е предвесник на една нова енергија во Ловечката Федерација на Македонија со која би требало да се подигне нивото на работата на федерацијата на едно повисоко ниво.
Во продолжение Ви ја презентираме дводневната агенда на манифестацијата:
25.04.2025 година (петок)
- 19 часот, свечена академија;
- 20 часот, отворање на манифестацијата;
- 15 часот, отворање на изложба на ловечки трофеи, соколарство, ловна кинологија, рачнд изработена ловечка опрема од кожа и препарати од дивеч.
26.04.2025 година (сабота)
- 8 часот, населување на фазански дивеч во ловиштата на ЛЗ ЛОВЕЦ Штип;
- 45 часот, смотра и отворање на настанот, на градското стрелиште СТРЕЛЕЦ во Штип;
- 10 часот, отворање на турнир во летечки мети ТРАП 25;
- 12 часот, отворање на изложба на ловечки кучиња во соработка со Кинолошкиот Сојуз на Македонија
- 15 часот, затворање на манифестацијата.