Ловот од чека има бројни предности, а негова главна карактеристика е што ловецот има повеќе време за попрецизен истрел.
Во повеќето ловишта може да се најдат ловечки чеки, кои можат да послужат и како засолниште, но секој ловџија знае зошто се градат чеките.
Основна намена за која се направени чеките е ловџиите да имаат подобар поглед на теренот и да бидат помалку забележливи додека чекаат да дојде дивечот.
Главната цел на ловечките чеки е да им овозможат на ловците да набљудуваат дивеч на далечина, често од засолниште или скриена положба. Ловџиите при набљудување од чека обично користат оптички уреди како двоглед, за да си го олеснат набљудувањето и нишанењето.
Исто така голема предност на чеката е тоа што ловџиите се наоѓаат на неколку метри над земјата, па животните не можат да го осетат нивниот мирис, што им дава повеќе време да се подготват за прецизен истрел. Друга предност е што повеќето видови дивеч не можат да ја кренат главата доволно високо за да забележат ловец на чека.
Ловџиите најчесто се одлучуваат на лов од чека при лов на разни видови дивеч, пред се при лов на диви свињи, елени и разни видови пердувести дивеч.
Градба на чеките
Не постои некое точно правило за тоа каде се поставуваат чеките, тоа обично зависи од изгледот на ловиштето, но и од плановите на ловџиите. Тие можат да бидат лоцирани покрај водните токови, на рабовите на шумите, на пасиштата или на други места каде што најверојатно ќе помине дивечот.

Кога станува збор за правење чека, постојат два вида. Тоа се привремени или трајни. Кој од овие два вида на чеки ќе го изберат ловџиите зависи од правилата кои владеат во ловиштето, но и од количината на дивеч што се наоѓа таму.
Чеките можат да се градат од разни материјали, но најчесто се направени од дрво. Најважно при изработката е да бидат стабилни и цврсти, за да се обезбеди безбедност на ловџиите.
Важно е чеките да бидат високи
Постојат неколку причини зошто треба да се прават и користат високите чеки. Пред сè, тие го олеснуваат набљудувањето на девечот.
Затоа, колку е повисока положбата на ловџијата, толку е помала веројатноста тој да биде забележан од дивечот. Ако страните на чеката се затворени, ловџијата може да прави лесни движења без страв.
Друга важна работа е што звуците се пригушени, а мирисите речиси и да не допираат до дивечот. На тој начин, плашливиот дивеч нема да ве насети пред да го здогледате.
Можеби најважното нешто кога станува збор за чеките е безбедноста. Ловџијата на чека е во фиксна положба, така што другите ловџии ја знаат неговата точна локација, што овозможува воспоставување безбедна зона за гаѓање.
Дополнително, гаѓањето се врши под остар агол, па куршумот секогаш завршува во земјата, а влијабието на косиот истрел е практично занемарлив.
На чеките се прават и потпирачи за пушката кога ловџијата нишани. Потпирачот може да биде и подвижен, но и да се намести по висина. Со ова се овозможува полесно нишанење што, пак, резултира и со успешен лов.
Покрај тоа што чеката треба да биде безбедна за ловџијата, таа треба и естетски да се вклопи во околината. Затоа повисоката чека е исклучително погодна за сите ловџии, а особено за постарите, кои се помалку подвижни или со нарушено здравје, но кои, сепак, се способни трпеливо да седат и да посматраат од платформата.
Предностите на ловот од чека се:
- Поголема прегледност на теренот;
- Порано забележување на дивечот;
- Помали шанси да се ранување друг ловџија;
- Побезбедна позадина бидејќи пукате кон земја;
- Дивечот тешко го забележува ловџијата.
Недостатоци на плаќање од чека:
- Тешко е преместувањето на чеката;
- Малку простор за движење;
- Можност за паѓање на ловџијата;
- Лоша заштита од студ и ветер.