Ловот во денешно време е спорт, рекреација, хоби и забава, но и вид на стопанисување и специфичен еколошки однос кон живиот дел од природата наречен дивеч. Како спорт ловот нема натпреверувачки компонента, масовен е и здрав спорт чии спортски терени се широките пространства на полињата, шумите и водените површини. Мотивот за лов е исконски, да се надмудри и победи дивото животно, што во денешно време со сите модерни помагала не е тешко, па така ловците самите ги одредуват правилата кои го отежнуваат ловот, овозможувајќи му на дивечот шанса да преживее.
Во секој случај во денешно време ловот и ловството подразбираат, пред се, негување на љубовта кон дивите животни и природата низ активности поврзани со одгледување и заштита на дивечот, а дури потоа низ лов, поточно ловење во рамките на планското и рационално користење на дивечот, како природно богатство, кое е само делумно обновливо.
Ловот е истотака и ловечко дружење, негување на ловната етика и чување на ловечките обичаи и традиции, создавани низ вековите во најразлични друштвени услови.